Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република … Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република … Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република … Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република … Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година.

Ова е соопштението на Врховниот за вчерашната седница на која било решавано по жалбата на Лидија Неделкова, која со ова е исфрлена од редот на судии во Врховниот суд.

Судскиот совет едногласно ја разреши Неделкова поради ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.

Нејзиното разрешување дојде по претставка на Јово Вангеловски, кој, исто така, беше разрешен од врховен судија, а беше и претседател на истиот суд.

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Македонија на седница одржана на 28.06.2021 година расправаше и по повод жалбата на Виолета Дума, судија на Апелациониот суд Скопје, сега во пензија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-38/2 од 12.03.2021 година, со кое е утврдено нестручно и несовесно вршење на судиска функција.

На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-38/2 од 12.03.2021 година.