Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година, односно земјата ќе испрати уметник и песна во Тел Авив, Израел.
Македонскиот радиодифузер МРТ го потврди учеството, но не се објавени други детали, наведува порталот EscXtra, чии соодржини се главно евровизиски.
Во последните три години македонскиот претставник на Евровизија го избира МРТ, а во претходните години за евровизискиот изведувач се одлучуваше и на фестивали.
Досега околу 30 држави потврдиле дека ќе учествуваат на Песна за Евровизија, што следната година во мај ќе се одржи во Израел.