Стотици луѓе денеска учествуваа во забранетите демонстрации против мерките за коронавирус во Берлин, а во неколку делови на главниот град на Германија беа распоредени околу 2.200 полицајци кои ги следеа протестите.

– Еден од нашите фокуси е владината област, која има симболично значење, рече портпаролот на полицијата Тило Каблиц.

Неколку илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на германската престолнина, многу помалку отколку што првично се очекуваше.

На 29 август пред една година, демонстрантите пробија ограда во зградата на Рајхстагот и накратко ги зазедоа скалите пред влезот.

Околу 2.200 полицајци денеска се распоредени во главниот град, рече Каблиц. Некои ги придружуваат групите што демонстрираат за да осигурат дека одржуваат физичко растојание.

Како и вчера, полицајци од други сојузни држави даваат дополнителна поддршка.