Најмалку 5.087 Палестинци, меѓу кои 2.055 деца, се убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.
Во соопштението се додава дека број на повредени луѓе се искаќи на 15.273.
Само во последните 24 часа во израелските напади загинаа 436 Палестинци, од кои 182 деца. Голем дел од жртвите се убиени во напади во јужниот дел на Појасот Газа, посочи Министерството за здравство на палестинската територија контролирана од групата „Хамас“. (МИА)
фото: ЕПА