Повеќе од милион луѓе од Венецуела пристигнале во Колумбија во првите девет месеци од 2018 година, а 676.000 заминале кон други држави, соопштија колумбиските имиграциски власти.

„Од јануари до септември 2018 година, над еден милион Венецуелци влегле на колумбиска територија и 676 илјади заминале во други држави, воглавно во Еквадор, Перу, Чиле, САД и Мексико“, нагласија властите.

Според ОН, околу 1,9 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година бегајќи од економската и политичка криза.

Секој ден околу 5.300 луѓе ја напуштаат државата што е најголема преселба во поновата историја на Јужна Америка.