Повеќе од половината домаќинства во Грција нагласуваат дека немаат доволно приходи за целиот месец и во просек, парите им „ги снемува“ на 19 во месецот. Тоа се вели во анкета на Конфередерацијата занаетчии и трговци на Грција.
Најголем проблем е кај семејства со многу членови каде месечните примања се недоволни за 62,6 отсто од нив.
Над 60 отсто од домаќинствата изјавиле дека се принудени да се откажат од многу работи за да ги задоволат основните потреби. 12,7 отсто тврдат дека не се во состојба да ги покријат ниту основните потереби.
Според оценка на конфедерацијата, три од 10 домаќинства преживуваат со помалку од 10.000 евра годишно што ги става во најниската категорија на приходи.
Пензијата останува основен избор на приходи за околу половината семејства. Во едно од пет семејства има најмалку еден невработен. 52 отсто очекуваат влошување на финансиската состојба во 2019 година, а 11,3 отсто – подобрување.