Повеќе од половината венецуелски лекари воглавно вработени во државните болници, ја напуштиле државата од 2012 до 2017 година пооради економската криза. Тоа го објавија неколку невладини здруженија во заеднички извештај.
Од 2012 до 2017 година се иселиле 22.000 венецуелски лекари, што е „загуба“ од барем 55 отсто од вкупно 39.000 лекари кои во 2014 година биле во Панамериканската здравствена организација, наведуваат авторите на извештајот – 12 невладини организации за заштита на правата на пациентите.
Од државата заминале и 6030 медицински сестри, скоро четвртина од вкупниот број. Од 30 милиони Венецуелци, за 18,7 „владата не гарантира пристап за лекување“, наведуваат невладини организации.
Според ОН, околу два милиона луѓе ја напуштиле државата од 2015 година. Во државата има и недостиг од лекови во аптеките – 85 отсто и во болниците – 88 отсто.