Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска покажа не многу завидно познавање на математиката откако го повика рускиот претседател Владимир Путин „да направи пресврт од 360 степени“ за да се реши украинската криза, објави германски Експрес.
Бербок ова го кажа на Минхенската безбедносна конференција, но не е точно јасно што сакаше да каже, пишува Експрес.
Имено, ако се направи вртење од 360 степени, тоа значи дека целиот круг е завршен, односно дека некој што го прави тоа останува на истата почетна точка, па во основа ништо не се менува.
Вообичаена фраза што се користи за да се каже дека некој треба да промени нешто драстично е „да направи пресврт за 180 степени“.
Математички гледано, вртење од 180 степени значи дека некој пристигнува во сосема спротивна точка од местото каде што се наоѓа.
На подиумот со Антони Блинкен (САД) и Дмитро Кулеба (Украина) политичарката на Зелените повторно го привлече светското внимание со оваа изрека, но не во нејзина корист, пишува Експрес.
Претходно, како што реагираа корисници на Твитер, Бербок направи гафови и грешки од историја и географија.
Оригиналниот текст може да го отворите ТУКА.