Просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти, што ќе се надодаде на она зголемување од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион, одговарајќи на новинарско прашање.

– Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки, рече премиерот.

Фото: МИА архива

Видео: Влада