Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр информираше за повредата на дефанзивецот Дан-Аксел Загаду, која ја доби по натпреварот од 26-то коло од Бундеслигата против Шалке 04 (4:0).
Дваесет-годишниот Французин има повреда на левото колено.
– Загаду нема да игра до крајот на сезоната, изјави Фавр за „Спортбазер“.
Оваа сезона дефанзивецот забележа 13 натпревари во германскиот шампионат, со 1 гол и 1 асистенција.