Во експлозија што утрово се случи во силос за жито во Стразбур повредени се четири лица, од кои три тешко, соопшти локалната полиција.

Според првичните сознанија, не се работи за подметната експлозија, велат од полицијата и додаваат дека во моментот на несреќата на тоа место имало 11 лица.

Околу 70 пожарникари дошле на местото на експлозијата, југоисточно од овој француски град, која предизвикала пожар и висок облак од чад.

Полицијата го обезбеди просторот наоколу, додека итна помош и другите служби се упатуваа кон овој земјоделски погон.