Утрово повторно дојави за бомби има во четири средни училишта во градот Скопје.
Во средното училиште „Јосип Броз Тито“, како што објави порталот Курир, во овие моменти се врши евакуација на децата, а полицијата е на терен.
Ова не е прв ваков случај, а во изминатите неколку недели постојано средните училишта во градот Скопје се на удар на хакерски напади од страна непознати лица по кои полицијата се уште трага.