Полицијата во Хонг Конг денеска користеше солзавец за да растера стотици демонстранти со маски, од кои некои фрлаа молотови коктели.

Демонстрантите излегоа на улиците да одбележат шест месеци откако властите извршија рација во метро станицата и ги уапсија демонстрантите.

Најновите судири се меѓу најнасилните откако во градот дојде периодот на релативен мир, по интензивните антивладини протести што ескалираа во јуни минатата година. Демонстрантите, исто така, не излегуваа на улиците и од страв од новиот коронавирус.

Демонстрантите извикуваа „слобода за Хонг Конг, револуцијата овојпат победува“, а некои повикаа на распуштање на полициските сили, што е слично на претходните собири.

Дел од демонстрантите го запалија патот Натан во округот Ковлон, а на улиците беа поставени барикади. Станицата Монк Кок е затворена.