Со регистрирани 7.335 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа Грција бележи нов негативен рекорд по новозаразени на дневно ниво од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Зголемен е бројот и на починати лица, 65 смртни случаи во изминатото деноноќие, а 477 пациенти (седум повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 402 односно 84,28 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Новите случаи се од 114.388 направени тестови, што за Грција е мал број, со оглед на тоа дека други денови бројот на тестови е околу 400.000.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 792.239 случаи на Ковид-19, а почина 16.361 лице.