Најмалку 21 лице се повредени во пожар на воен брод на САД, „Бонхом Ричард“, стациониран во Сан Диего.
Американската морнарица соопшти дека 17 морнари и четворица цивили се однесени во болница со полесни повреди.
Противпожарната служба на Твитер соопшти дека во неделата наутро бил пројавен пожар на воениот брод кој бил закотвен за одржување и поправки. Огнот синоќа се уште горел.
Адмиралот Филип Собек на прес-конференцијата информира дека имало експлозија на бродот, но причината сè уште е нејасна.
Во моментот на избувнувањето на пожарот на бројот имало околу 160 морнари.