Едно лице загина, а 21 е тешко повредено кога во раните утрински часови избувнал пожар во бар во југоисточниот австриски град Грац.
Австриската полиција соопшти дека пожарот избувнал околу 4 часот наутро во бар во центарот на градот, каде што луѓето биле на новогодишна забава, јавува Асошиетед прес.
Едно лице, кое сè уште не е идентификувано, се здобило со смртоносни повреди, се вели во соопштението на државната полиција на Штаерска. Најмалку три лица се уште се во критична состојба на одделението за интензивна нега во болницата.
Засега не е позната причината за пожарот кој избувнал на влезот во кафеаната, но како можна причина се истражува техничка неисправност.