Речиси целата скопска општина Аеродром од попладнево е без електрична енергија, откако претходно голем пожар избувна на дивата депонија Вардариште.

Пожарот зафатил поголем простор и постар објект, а поради пожарот превентивно биле исклучени далекуводите што го снабдуваат со струја Аеродром.

На терен интервенираат пет противпожарни возила со 13 пожарникари.

Како што соопшти ЕВН, има дефект на 110-киловатна трафостаница „Аеродром“.

Екипите на Електродистрибуција работат на санација на дефектот.

Во прашање е поголем пожар каде што е зафатен поголем простор, но можно е да е зафатен и постар објект. Во тек е гаснењето на пожарот. Интервенираат 13 пожарникари со 5 противпожарни возила.

Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче поради пожарот.