Гори голем шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес. Гори нискостеблеста дабова шума, трње, и трева.

Пожарот се шири на потегот кон селото С’лп, но засега, како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото.

Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работат на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две протвпожарни возила.

Од ТППЕ Велес за МИА посочија дека пожарот кај нив бил пријавен во 13 часот и 10 минути.