Вчера попладне во 15,30 часот во Полициската станица Крушево, бил пријавен пожар на ул.„Благој Целев“ во Крушево, во објект-летна кујна сопственост на С.Ѓ. при што била целосно опожарена внатрешноста на објектот и кровната конструкција.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево пожарот бил локализиран. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крушево.