На 16.01.2026 во 10:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека околу 10:30 часот на ул. „11 Македонска бригада“ во Свети Николе настанал пожар во куќа, сопственост на К.Ј.(32) од Свети Николе. Повредени лица нема.
Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.




