Пожар во општина Старо Нагоричане зафатил нискостеблеста и дабова шума, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера околу 14:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атарот на село Арбанашко, настанал пожар на неколку локации, при што била зафатена нискостеблеста и дабова шума. Пожарот бил изгаснат во 15:00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема-соопшти СВР Куманово.
СВР Куманово бил извршен увид.
За пожарот информираа и надлежните од РЦУК Куманово. Според информацијата во билтенот, командирот на противпожарната единица Старо Нагоричане ги известил дека пожарот зафатил површина од 10 километри во Арбанашко и бил изгаснат со едно противпожарно возило. Во гасењето на пожарот учествувале четворица пожарникари и четири лица вработени во Шумско стопанство.
– Од командирот бевме известени дека имаат само едно возило кое е старо 57 години и апелира до надлежните да добијат некое возило од некоја донација или помош од државата, бидејќи во нивна надлежност покриваат територија од 39 села и е една од поголемите општини во Македонија, наведуваат од РЦУК Куманово во дневниот билтен.
Според РЦУК Куманово, кои што ја добиле информацијата ЦИК при СВР Куманово пожарот се случил во атарот на селата Арбанашко, Кокино кон Длабочица на отворен простор од пошироки размери во пречник од 10 км. Зафатена е нискостеблеста дабова шума, сува трева, деградирана нискостеблеста шума. Од РЦУК Куманово ги известиле Шумското стопанство, Дирекција за заштита и спасување, остварен е контакт со општина Старо Нагоричане.