Најмалку 25 лица, меѓу кои и малолетници, загинале во петокот во експлозија и пожар во илегална рафинерија за нафта во нигериската држава Ривер.
Експлозијата се случила во петокот рано наутро, изјави еден од локалните жители.
-Има голем број жртви… Изброивме 25 тела, изјави лидерот на локалната заедница Ифиани Омано за британските медиуми и додаде дека меѓу жртвите има и малолетници, но идентитетот на жртвите се уште не е утврден.
Портпаролот на локалната полиција претходно ја потврди несреќата, но не го соопшти бројот на жртвите.