Гори депонијата во близина на салата „Борис Трајковски“ во општина Карпош. На терен се испратени екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но се чека механизација од општината и од Град Скопје за да се расчисти отпадот. Се работи за градежен шут и отпад.
Пожарот е пријавен во 08:10 часот утринава, а на терен се девет пожарникари со три возила.
– Чекаме механизација од општина Карпош и од Град Скопје за да се расчисти депонијата, бидејќи вака тешко ќе се изгаси пожарот, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.