Во раните утрински часови во Скопје, околу 3 часот по полноќ, е запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, до скоро најизвесниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, кој партијата го извиси во последен момент и на незадоволство на многумина го замени со Каја Шукова.
Галетановски, пишува Курир, е и претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.
Галетановски го потврди ова на ФБ: „Да, моето возилото е целосно изгорено. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, ниту ми наштетил. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути и пламенот не ги зафати куќите.“, напиша Чомбе.
Извршен е полициски увид на лице место.
Индикативно, но минатиот период по обзнанувањето на канидадатурата на Шукова (која за многумина во СДСМ беше големо изненадување), Галетановски напати јавно, јасно и гласно и без „влакна на јазикот“ го изразуваше своето искрено незадоволство од партискиот акт и стихијно решение со кое тој ненедејно извиси и не стана кандидат на Бихаќка во трката за градоначалничката позиција во главниот град. На страна и силната поддршка која Чомбе ја имаше од членството во скопската, градска организација на СДСМ.
Низ градските кулоари се вртат многу теории околу палењето на автомобилот на Галетановски, меѓу нив и онаа дека ова е јасна порака за негово замолчување, особено поради фактот што СДСМ и онака стои катастрофално во Скопје и државата…
Симптоматично, но дури неколку часа по медиумските објави се јави и СДСМ со соопштение и побара „Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат.“