На жителите и туристите во австралиската држава Викторија денеска им е советувано да се евакуираат, поради екстремен ризик од пожар.

Според метеоролозите, денеска се очекуваат температури од над 40 степени, кои со силниот ветер со променлив правец и громовите, ќе бидат еден од најризичните денови во историјата на Викторија.

Земјата откажа музички фестивал што требаше да трае до Нова година и да собере околу 9.000 луѓе.

И во Нов Јужен Велс се очекуваат услови погодни за ширење на пожари, поради скокот на температурите кој е најавен за вторник.