Пожарот кај Богданци се засили, велат најновите информации од Центарот за управување со кризи.

Оттаму посочуваат дека пожарот се уште беснее и покрај интервенцијата на двата Ер трактори кои направиле повеќе од 19 прелети прецизно исфрлајки ја водата врз огнот.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека активиран е и еден хеликоптер на МВР кој веќе е упатен кон пожарот.

Гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева, а поради опасноста пожарот да се прошири кон ветерниот парк претходно беа активирани авионите за гаснење пожар.

Пожарот избувнал околу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро.