Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот под контрола.

Големиот пожар што избувна во Јажинце е ставен под контрола благодарение на навремената координација и брзата реакција на сите надлежни служби.

Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните.

Оваа успешна акција уште еднаш ја потврди важноста на брзата и ефикасна координација, како и меѓусебната соработка меѓу различните институции при справување со кризни ситуации.

Соопштение на ЦУК