Полицијата во Венеција ги истражува причините за зелената течност што се појави во градскиот Голем канал, а неофицијално се зборува дека инцидентот бил предизвикан од демонстранти за климатските промени.
Бојата први ја забележале локалните жители, објави на Твитер претседателот на регионот Венето, Лука Заја.
„Свикан е итен состанок со полицијата за да се испита потеклото на течноста“, рече тој.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека и помага на регионалната агенција за животна средина да земе примероци за тестирање.
Ова не е прв пат Големиот канал да се зазеленува. Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру „ја обои“ водата зелена за време на 34-тото биенале во Венеција со цел „промовирање на еколошката свест“.
Venezia – L’acqua del Canal Grande si colora di verde: Intervento dei Vigili del fuoco e di ARPA Venetohttps://t.co/w3H1jD7JiZ#Venezia #vvfveneto @arpaveneto #CanalGrande #Colore #Analisi #Prelievi pic.twitter.com/OrtPWSlUl0
— HTO.tv (@HTO_tv) May 28, 2023