Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска, Никита Шејутовска, Ѓорги Мансаков, Васко Костов, професор Илија Димовски, Филип Петровски, Горан Ангелов и Сашо Котлешовски се кандидататите кои ќе го бараат гласот на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ на партиксата конвенција за избор на претседателски кандидат на партијата за изборите на 27 април.
Сите кандидати кои претендираат да станат шеф на државата од утре ќе ја презентираат својата програма.
Инаку ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека заедно со претседателските избори треба да се одржат и предвремени парламентарни избори.