Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори, ќе ја предводи првата изборна единица, а познатиот оперскиот пејач Игор Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.

Во втората ИЕ носител ќе Владо Мисајловси, во третата изборна единица носител на листата е генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Дафина Стојановска од Гостивар ќе биде носител на листата во шестата изборна единица.