Во саботата вечерта на Филмскиот фестивал во Венеција, еден пар го привлече вниманието повеќе од другите – малкумина можеа да одолеат да гледаат во правец на легендарниот гитарист на групата „Лед Цепелин“ Џими Пејџ (77) и неговата девојка Скарлет Сабет (32).

Не е тешко да се погоди дека овој пар е во центарот на вниманието каде и да се појави, поради очигледната разлика во годините – Џими е 45 години постар од неговата прекрасна девојка!

Двојката се појави на премиерата на филмот „Becoming Led Zeppelin“, а тие шетаа рака под рака по црвениот тепих и позираа прегрнувајќи ги насобраните фотографи, додека гитаристот цело време ја гледаше својата девојка вљубено.

Скарлет ја покажа својата витка фигура во слип нежно розев фустан, кој го надополни со светли салонки и сребрен накит, а специјално печат даде и нејзината исклучително долга брановидна коса.

Оваа 32-годишна писателка, во интервју во мај минатата година откри дека морала да го надмине „чувството на срам“ кога влегла во врска со Џими. Од друга страна, таа вели дека тие денес имаат „неверојатна врска“.

“Смешно е бидејќи има само огромна разлика на хартија. Но, кога тој стои пред мене, тоа не е нешто што го чувствувам. Не е нешто што ни пречи. Претпоставувам дека некои луѓе мислат дека направив необичен избор. На почетокот ми беше многу непријатно. Имав чувство како мојот живот да е готов. Бев толку засрамена поради сето тоа”, рекла таа за „Татлер“.

“Ние сме во неверојатна врска. Мислам дека многу луѓе тоа и го претпоставуваат, но Џими е исклучителен човек и убав. Многу жени од сите возрасти се возбудени кога ќе го запознаат”, додала таа.

Двојката живее во луксузната куќа на Џими во западен Лондон, чија вредност се проценува на 135 милиони фунти. Патем, интересно е и тоа што неговата најстара ќерка се вика Скарлет.