На шестите претседателски избори денеска се гласаше во 32 дипломатско-конзуларни претставништва во странство. 1 781 гласач се пријавиле и нивните пријави се прифатени од ДИК, исклучок се само гласачките места во САД и Канада каде гласањето ќе почне во 7 часот со оглед на временската зона на конзуларното претставништво.
„До 18:30 часот според извештаите од Избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 686 гласачи, однсоно 38,51 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона, не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада.
Во гласачките места во Казнено поправните установи, каде своето право на глас денеска можеа да го остварат 1640 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 18:30 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа околу 55% од запишаните избирачи.“, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугутчевска.