Фотографија од сериозно шестгодишно синооко девојче од Франција, пред 15 години го обиколи светот, па медиумите ја прогласија за најубавото девојче на светот.
Тилејн Блондо прерасна во „една од најубавите жени“ на светот. Таа стана модел на четири години, а на 10-годишна возраст позираше за насловната страница на „Вог“ (Vogue). Тогаш некои беа и згрозени, па целата приказна ја оценија како сексуализација на детето.
Таа сега е успешна манекенка, иако на нејзините родители многумина им велеа дека ѝ го уништуваат животот, дозволувајќи ѝ да живее како модел уште од најмала возраст. За приватниот живот таа ретко зборува во јавност, но лани открила дека има здравствен проблем… Претходно тројца гинеколози ја уверувале дека нејзината болка „не е ништо страшно“, па отишла и кај четврти лекар…
– Докторот виде дека имам циста од 5-6 сантиметри и дека ги засега јајниците, поради што ме испрати на магнетна резонанца, а еден час подоцна ми рече веднаш да одам в болница, на итна операција. Конечно се чувствувам подобро денес, особено што тогаш веќе почнав да полудувам поради болките во стомакот што, нели – „не постоеја“… Среќна сум што бев упорна!, изјави таа и им порача на сите да се грижат за своето здравје.
Ќерката на познатата француска ТВ-водителка Вероника Лубри и фудбалерот Патрик Блондо денеска на Инстаграм ја следат речиси шест милиони луѓе.