Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што го пренесуваме интегрално.
Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?
Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен.
ВРЕДИ