Делегација од 30 фармерски семејства од Јужна Африка пристигнале во рускиот фармерски појас на Ставропол, јави ТВ Росија1. Групата рекла дека дома се соочени со насилни напади и смртни закани.
Повеќе од 15.000 Бури, предци на холандските доселеници во Јужна Африка, планираат да се преселат во Русија поради растечкото насилство предизвикано од владините планови да ја експропираат нивната земја.
-Ова е прашање на живот или смрт – тие не напаѓаат. Се дојде до точка кога политичарите го поттикнуваат насилството. Климата овде (регионот на Ставропол) е умерена, создадена од Господ за фармерство. Сето ова овде е многу атрактивно – изјави Ади Слебус.
Новата јужноафриканска влада предводена од претседателот Сирил Рамафоса вети дека земјата, која е во сопственпост на белите фармери од 1600. година, ќе им ја врати на црните граѓани. Владата рече дека е подготвена да стави крај на она што го нарекува наследство од апартхејдот, при што поголемиот дело од јужноафриканската земја е во рацете на малцинската бела популација.
Групите за човекови права велат дека иницијативата поттикна насилство. Во 2016-2017 се забелеажни 74 убиства на фармери, 638 напади, најмногу врз белци.
Фармерите велат дека се подготвени да вложат во рускиот агро сектор кој е во експанзија. Секое семејство е подготвено да вложи по 100.000 долари за закуп на земја.
Русија има 43 милиони хектари неискористена земја, и од неодамна почна да доделува бесплатно земја на руски граѓани кои сакаат да се занимваат со фармерство. Оваа програма, која почна во 2014 година, дава одлични резултати.