Државната дума на Русија денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).
Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми.
-Пратениците сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на овие две републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин.
Тасс пренееува дека за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан.