Германската канцеларка Ангела Меркел наскоро би можела да ја загуби позицијата на најсилен политичар во Европа и да биде соборена, заради судирот во нејзината коалиција околу миграциската политика, тврди германскиот парламентарец Каи Витекер, пренесе британски Експрес.
Воизјава за Би-би-си1, германскиот политичар тврди дека судирот меѓу Мркел и германскиот минстер за внатрешни работи Хорст Зехофер, од сестринската ЦСУ, може да резултира со „нова политичка ситуација“ во Германија до крајот на наредната недела.
Пратеникот од Христијанската демократска унија ( ЦДУ) вели дека во Берлин се уште не е јасно која е суштината на несогласувањето меѓу канцеларката и Зехофер и оти другите членови на коалцијата се оставени во „матно“.
„Ние имаме сериозна ситуација затоа што прашањето со мигрантската криза се претвори во прашање на власта. Изгледа дека секој останува цврсто на своето и тоа е проблемот“, вели Витекер.
Тој објаснува дека судирот е околу мастер планот на Зехофер за решевање на мигрантската криза кој содржи 63 идеи. „Но, не го знаеме целиот концепт, така што ние сме во матно. Ова е поврзано и со претстојните избори во Бварија затоа што е битно за конзервативците да победат со мнозинство а тоа има и национална важност“, истакнува Витекер.
Според тоа, Зехофер е спремен за битка, а тоа може да значи дека Меркел може да ги загуби позиците во колацијата.
„Овој судир има голем политички потенцијал“, додава Витекер, кој не ја исклучува можност до крајот на наредната недела да заврши со соборување на Меркел.