Додека не си разрешен, докажи дека си против криминалот и најди ги документите за извоз на цвет од марихуана, за што се лежи в затвор, му порача пратеникот Зоран Коцевски на министерот за здравство, Беким Сали, на денешната седница во Собранието на кое се реконстурира Владата на Димитар Ковачевски.
– Колеги од Алијанса, господинот Сали, пред се како човек, како доктор, како министер, Али Ахмети и Артан Груби и измеќарот Ковачевски го помножија со нула. Така ве множат и вас сега, ама по втор пат, нив по прв пат. Но, некој се учи по првата грешка, а некој никогаш не можеш да го научиш, како вас. А, што доведе да ги множат со нула, наместо сега истите тие да ги бираат како лубеници и да им одат по канцеларии да ги молат. Имаше шанса господинот Сали, имавте и вие шанса првиот пат, оние криминалци измеќари да ги затворите. Но, таа шанса не ја искористивте, а имавте толку многу можности, а господинот Сали имаше можност, само од неговиот ресор, здравство, рече Коцевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Натаму Коцевски дополни:
– Една од многуте можности, беше на едно мое пратеничко прашање пред неполни два месеци, да бидам прецизен ќе ви го повторам прашањето: Дали од страна на Комисијата за контрола на опојните дроги се врши најмалку два пати контрола над одгледувањето на канабисот и увид во документацијата и евиденцијата? Значи побарав извештај за целокупната работа, а се случи да добијам дваесет секунден одговор од заменикот министер и потоа ништо не се случи. А, со тој извештај можеа да ги затворат Ковачевски, Оливер Спасовски и цела Влада, рече Коцевски.
За да не останам недоречен, продолжи Коцевски и да му помогнам на господинот Сали, додека се уште не е разрешен, да побара некои документи и да го сруши обвинението, и ќе биде завршена прикаската.
Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па запраша по кој член од закон се врши извоз на цвет од марихуана, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.