Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната собраниска седница, во реплика кон пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека Македонија е дел од НАТО, а ќе стане дел и од ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена со Ванчо Михајлов.
– Македонецот денеска е горд, македонскиот јазик се изучува секаде во Европа. Се изучува во Грција, а од вчера се отвори можност да се изучува и во Италија. Ние сме дел од НАТО, ќе станеме дел од ЕУ, меѓутоа за жал вие сте заглавени со Ванчо Михајлов чиј континуитет сте како партија, рече Костовски.
Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува собраниската седница на најгруб начин, како што рече, да лаже и оцрнува.