Објавиле слика со мене и Муса Џафери од пушалната во Собрание — и демек ете, сме правеле соработка со ДУИ, вели пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил и демантира дека имало некакво договарање меѓу Левица и ДУИ.
Во објавата која Исмаил на својот профил на Фејсбук ја нарекува демант, се служи со недолични зборови нарекувајќи ги „куртони“ медиумите кои ја објавија фотографијата на која се заедно тој и Џафери.
– Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку „куртон медиумите“, забезекнати од нивниот вртоглав пад на добиени гласови, со ширење на лаги и манипулации се обидуваат да се извлечат од револтот и гневот на народот, кој грубо го прелажаa по преземањето на власта. Објавиле слика со мене и Муса Џафери од пушалната во Собрание — и демек ете, сме правеле соработка со ДУИ, објавува пратеникот на Левица на својот профил на Фејсбук.
Тој натаму објаснува дека „во бифето на Собранието се собираме сите пушачи-пратеници и сите седиме каде што ќе најдеме место за да пушиме цигари, оти нема друго место каде да се пуши“.
– Фотографијата е направена некаде во мај–јуни 2025 година. Муса Џафери е претседател на Комисијата за надворешна политика. Но добро, кога немате што да понудите, а сите изговори ви се веќе потрошени, разбирливо е да се служите со вакви гнасотилуци. На крај, сепак — ние ќе победиме, објавува Исмаил.
Ова е неговата реакција на фотографијата што денеска беше објавена во повеќе медиуми, а на која се заедно пушачите, како што нагласува Исмаил, тој и Џафери.