Пратеникот од СДСМ од Охрид Лазе Таневски на неговиот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот Ковид-19.
Таневски информира дека тестирањето го направил самоиницијативно, поради неодложно приватно патување. Членовите на неговото семејство се негативни на тестирањето.
-Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја, напиша на фб Таневски.
Таневски е вториот пратеник позитивен на Ковид-19, откако вчера беше објавено дека на Инфективната клиника во Скопје е примен пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски со симптоми на болеста.