По 2,5 години низ правните лавиринти, случајот на свештеникот кој беше претепан од Миле Јовановски, татко на првоосомничениот во аферата Рекет, Боки 13, конечно доби судски епилог. Денеска му е изречена казна затвор во траење од шест месеци.
Одбраната има право на жалба во Апелациониот суд, а на минатото рочиште тој ја призна вината.
-Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече Јовановски.
За ова дело законот предвидува казна затвор од шест месеци до пет години.
На Божик 2017 година, физички е нападнат свештеникот Виктор Стојчев, пред очите на неговата сопруга и деца, а е и вербално навредуван од страна на Миле Јовановски и Боки 13.
Кавгата настанала заради паркинг простор. За случувањето сведочи и видео снимка. Јовановски притоа му нанел физички повреди, меѓу кои и скршеница на зглобот на ногата.