Украсете ја велигденската трпеза со оваа вкусна и колоритна салата со јајца од потполошка

Потребно состојки:
200 г сварено пилешко бело месо
200 г шампињони
1 главица кромид
2 варени јајца
2 кисели краставички
100 г мајонез
100 г кашкавал
1 китка магдонос
3 јајца од потполошка
1 чаша (од 180 мл) кисела павлака
сол, по вкус
малку масло
2 кесички чипс-стапчиња

Подготовка:
– Исечкајте ги кромидот и печурките и кратко испржете ги на малку масло.

– Сварете го пилешкото месо во солена вода, оставете го да се излади и потоа ситно исечкајте го.

– Во еден сад ставете ги сечканото пилешко месо, мајонезот, ситно сечканите краставички, изренданите варени јајца, изренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос. Посолете по вкус. Убаво измешајте.

– На чинија ставете ја целата смеса и обликувајте ја како купола. Одозгора ставете ги пропржените печурки со кромид, формирајте ја смесата во облик на гнездо и премачкајте ја со разматена павлака. Одозгора ставете чипс-стапчиња (како на сликата).

– Најодозгора направете вдлабнатина и наредете листови магдонос. На средина ставете ги трите сварени и излупени јајца од потполошка.