ПЕТКОВ ВО МАКЕДОНИЈА: Ковачевски го пречека со половина македонска химна, без Гоце Делчев, Груев, Сандански и Крушевската Република

/ 18.01.2022

Со половина македонска химна денеска беше пречекан бугарскиот премиер Кирил Петков во првата негова официјална посета на Република Македонија.

На премиерот Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија, каде што беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел, но не и делот што е проблематичен за Бугарија, во кој се споменуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Крушевската Република.

Во продолжение од петтата минута слушнете го делот со химната:


Од истата категорија