84 минути храбра игра, поништен гол поради офсајд, пред полн стадион со 60 000 гледачи, и потоа шест минути, од 84 до 90-та во кои Унгарцити примија три гола.

Тоа е накратко целото сиже на попладневниот натпревар меѓу Унгарија и Португалија во Будимпешта во кој Португалците победија со 3:0.

Извонредна атмосфера, за жал со неповолен крај за домаќините.

Во 84 минута Герео ги доведе Португалците во водство, а потоа Ронадло во 87 и 90 минута целосно ги декласира Унгарците во овој прв натпревар на овие екипи од ЕП во фудбал.

Во 21 часот играат Франција и Германија.