Пред точно 70 години првиот чамец со затвореници пристигна во Титова таен затвор на Голи Оток.
И покрај тоа што поминаа седум децении од далечната 1949 година, страшните сведоштва за мачење, перење на мозокот или, како што говореа комунистите „превоспитување” на Голи Оток и натаму живеат.
Првиот затвореници – кои не биле докрај лојални на Тито и на партија или кој го сакале Сталин, или кои кажале некој виц, пееле забранета песна или некој сосед, кој ги мрзел, ги пријавил – ги пречека народниот херој на СФРЈ Јово Капичиќ.
Тито не го избрал случајно Голи Оток, бидејќи на него Австро-унгарската империја во Правата светска војна испраќала затвореници од Источниот фронт, а познато е дека маршалот на СФРЈ бил каплар во австро-унгарската војска, според тоа, имал од кого да го учи занаетот.
– Имав само 17 години кога како гимназијалец во Котор со неколку другари не уапсија за графит „Долу Тито, да живее Сталин”, а ми одредија казна затвор од три години на Голи Оток. А таму имаше сешто – тепање, омаловажување, убиства, самоубиства … Уште се сеќавам на секој детаљ – раскажува Бошко Вуловиќ (85), кој е од државата успеа да наплати отштета за злосторствата што ги преживеал во злогласниот логор на Голи Оток.
-Не претепуваа, ни велеа дека ќе не фрлат од балкон, ако не признаеме и ако сакавме да бегаме, тие ни покажуваа пиштол … Ни рекоа: „Признајте и ви ветуваме, дека нема да ве допреме. Во спротивно, можеме да ве убиеме и никој нема да знае за вас”. Мислев -ќе ни судат, а потоа ќе ја протуркаме правдата. Меѓутоа, тие во затворот во Котор, од некој список, само ни ги прочитаа казните. Немаше процес, вели тој.
Како што сведочи, на Голи Оток во тоа време (1950) имало 15 павилјони, и во секој имало помеѓу 200 и 250 затвореници.
Идејниот творец во чие име сето тоа се правеше на тој суров остров, Јосип Броз Тито никогаш не го посетил Голи Оток, и, како што велат историчарите, освен него за сите злосторства, кои биле правени во овој затвор, знаеле и Едвард Кардељ, Александар Лека Ранковиќ и Милован Ѓилас.
Во официјалната посета на Голи Оток во текот на целото постоење биле само двајца високи официјални лица од поранешна Југославија, кумот на Тито, Лека Ранковиќ и Добрица Ќосиќ.
Според официјалните податоци, 16.101 луѓе биле затворени на Голи Оток, од кои 413 го загубиле својот живот, а се стравува дека овој број е уште поголем. Се шпекулира дека од 3.000 до 15.000 луѓе тука го завршиле животот поради претепување, од исцрпеност, дифтерија, или едноставно се самоубиле со скокање во амбис. Процентуално, 44 отсто од притворениците биле Срби, 21,5 проценти Црногорци, 16 проценти Хрвати и пет проценти Македонци. Имало нешто малку Словенци и Албанци.
Во самиот центар на Голи Оток бил поставен затворот во затвор, некогаш опкружен со висок ѕид од три метри, целосно изолиран, чуван од стражари и каде што другите затвореници немале пристап. Тука, во оваа дупка, првично наречена Логор 101, а некои затвореници иронично го викале и Манастир, биле „превоспитувани“ високи функционери на Југословенската република или Комунистичката партија, уапсени затоа што се осмелиле да го критикуваат Маршалот и неговите луѓе.
Тоа било пекол во пеколот, логор во логорот, крв во крвта, куршум во куршумот, солза во солзата.
Логорот 101 / Петрова дупка е именуван по Петар Комнениќ, претседател на Собранието на Црна Гора, кој прв се спуштил во неа, но само неколку години по напуштањето починал од последиците од Голи Оток.
Сите осудени лица кои завршувале во оваа Петрова дупка биле на висока позиција, некои од нив биле министри, генерали, директори на фабрики, амбасадори, раководители на Комунистичката партија на Југославија, командантите на партизанските единици или меѓународните бригади во Шпанија.
Во тоа време важела изреката: “Оној кој го изневери маршалот на повисока функција, мора исто така да плати повеќе!”
Според некои податоци (нема официјална трага), низ дупката поминале 136 луѓе, а во неа е забележан најголем број на смртност, а причините се: замор, болест, тортура и самоубиство.
На Голи Оток затворениците биле измачувани на најмонструозен начин, добивале следување – дневно кофа со вода и парче леб! Тие често биле измачувани на најлош можен начин, копале дупка за себе, а потоа затворениците морале да ги извршуваат физиолошките потреби во таа дупка.
На Голи Оток бил машкиот, а женскиот логор на Свети Гргур.
Последниот политички затвореник бил ослободен во 1956 година, што истовремено било и крајот на федералната администрација над островот, оттогаш тој е во надлежност на Хрватска. Подоцна тој остров стана затвор, и како таков беше укинат во 1988 година.