Телевизијата Алсат од свои извори во Владата дознава дека од 1 јануари 2020 година, пензиите ќе се зголемат за 700 денари.
Тоа, како што е објавено, ќе се случи на само два дена пред да почне со работа техничката Влада за предвремени парламентарни избори на 12 април идната година.
За таа намена, според пресметките во буџетот за 2020 година, биле обезбедени дополнителни 44 милиони евра. Алсат посочува дека оваа сума е таа за која инсистирале на одговор од Министерството за финансии да објасни за што ќе бидат наменети?
Во драфтот на предлог-буџетот за 2020 година, Владата самоиницијативно ја зголеми ставката за трансфери за пензии, иако Министерството за труд и социјална политика бараше зголемување од само околу 18 милиони евра. Со ваквото зголемување на средствата, сега е појасно за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година, објавува телевизијата.