Вечерва, околу 19,30 часот, пред поликлиниката Чаир е физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз, пишува порталот на дневниот весник Вечер.
Причините за нападот, засега, не се познати.
Јонуз пишува колумни во порталот Вечер и е критички настроен кон актуеланата власт.
Според очевидците Агим Јонуз сам се одбранил од напаѓачите така што едниот е неутрализиран од негова страна, а другиот потоа избегал од местото на настанот.
Случајот не е пријавен во МВР затоа што „таквите работи се решавале според чаирски правила“ велат очевидците на настанот.
Се очекуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден лично од Агим Јонуз