Само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот, Јапонецот Читецу Ватанабе почина.
Тој беше роден на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години.
На 12 февруари, тој официјално ја презеде титулата од друг Јапонец – Масаѕо Нонака, кој почина на 113-годишна возраст на крајот на јануари.
Статистиката посочува дека Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2015 година бројот на луѓето над 80-годишна возраст во таа земја надмина 10 милиони.
Највозрасниот човек воопшто денес е 117-годишната Јапонка Кане Танака.