Краље Марко требе да је змео со Божја сила. Змеови, тија се светци, прописни луѓе, ами со Божја сила. И за тоа се примнати од Бога. Много се лични. Грд али грдомасен змео не мож’ да биди. Сите се лични, убави, како сам Господ! И Марко је бил личен, убав, та не можеше повеќе да биди!

И тије старите змеови, од преди Марковото време и тије се од мајка родени, не се од земја. И во нашето место, во Маријово има родено змео. Маријовски змео је роден во Пештани, дамно време уште кога Марко одеше со Господ по земја. Не го виделе кога се родил, и он ошол во езеро да живеје. Змео вака се раѓа. Некоја чупа да остане тешка, ами да је праведна, како Богородица, со Божја сила, и ќе се роди змео. Ако пак некоја жена од змео остане тешка, змео ќе се роди, ако ја машко; а ако је женско, самовила ќе биди. Змео светец ќе биди, а самовила светица; ќе имат Божја сила и ќе идат кам Бога.

Уште кога ќе се роди змео крилја има, инако човек како сите луѓе. Ами за шес недели човек да не го види, ни од куќа некој домашен да не го види. Угу мајка му да го знаје детето, друг никој. Мајка му да го гледа, да го капи и да го рани и на шеста недела тоа ќе летва веќе. Ако го види човек до четриријесе дена тој змејче ќе умри. А после нема да умри никогош, довек ќе живеје, оти Божја сила има, за тоа и Краље Марко неје умрен, се вознесол кам Бога. Кога летва змео право во јоблаци ќе оди, а во езеро ќе живеје, ќе помага на јоблаци дож да врни, таласи да креват, ќе се капи во езеро и сила ќе тера. На змеови помагат самовили, тије се побратими и посестрими.

Змеови имаја голема јуначка сила, Божја сила, и затоа Бог ји примнал кај него. И Краље Марко, јунак над јунака, вистина је змео! Тој умрен не се поменува. Он сам је зел Божја сила, пил бесмртна вода, орлова вода, теја вода што нема умор. Бесмртна вода има некаде, до некој крај на самовилски рид каде се бијет два кам’на два рида кај што се састават. Од тој извор, од бесмртна вода, човек вода да се напије, тој нема да умри, ќе има Божја сила, ќе биди змео. Бесмртна вода угу орлите ја знаат орлите ја пијат, друг никој не мож’ да ја најди. И орел умор нема. Од бесмртна вода, од неја Краље Марко вода се напил, и денеска уште је жив во Божјата сила! А Краље Марко много силен, со јуначка сила је прошол до бесмртна вода, ја нашол таја вода и ја пил, за тоа Божја сила си има, бил јунак над јунака и за тоа уште је жив, нема да умри.

Краље Марко је примнат од Бога со сила. Марко и Свети Илија угу тије двајица светци, се ошле живи на Бога. Некој пат си шетал Краље Марко со Господ по земја, а сеа си седи кај Бога на оној свет. Коа ќе дојде времето, Краље Марко јопет ќе си дојди кај нас, на земја, да си види есапо.

Стија во Кокрчко езеро

Имало некој пат во Маријово некоје езеро на Кокрчки рид. Тоа езеро истича и сеа на Извор кај Гуѓаково, ама је затнато. Во тоа време имало једен татко, бил валавичар на Извор, а син му бил чобан кај Власи на Кокрчки Рид. Тој син зел једин брав, заклал го, врлил го во езеро, и тој брав ишол на негов татко кај Гуѓаково И оније Власи виделе оти тако прави, убиле го, врлиле го во езеро, и тој син излегол на Извор кај татка му во Гуѓаково.

Тије Власи имале једно дете и го пуштиле да му леје вода. Кога дошло на вода кај езеро, излегла стија од езеро. Стија била со четири нози и дванајсе глави, голем воден ѕвер со долги косми и со коњски очи. И тога појала она детето. Власи виделе оти му појала стија детето, остригле се овците, натрупале дрвја во езеро, натрупале ја и волна, и го затнале езеро. И од тоа време езерото не се гледа, а истича и сега на Извор кај Гуѓаково.

Сончева сила, душа и мајка

Сонце го викаја, оти имало душа, и сега ја има. Оно јади секоја вечер три казани чорба и девет вурни леб. А мајка му се крији зад врата, кога ќе си иди Сонце од работа да не ја изеди. Толко било гладно! Се нешто што работи ќе јади, оти без јадејне не бидува работа. А се нешто што јади јадејне, питомо, диво, сето има душа.

Сонце има голема сила: греје цел свет, многу си има работа, ќе оди секој ден од једна до друга крајина Земја. За тоа сака многу јадејне. Се нешто животно што си има душа, што ќе јади и ќе работи, си има и мајка. И Сонце си има мајка, оти ништо животно не је без мајка. Секое животно и сам Господ си има мајка.

Сечка и овчари

Имала некоја баба овци и кози много, пет-шес стотини. Зимата ји изранила овците дома, живи овци извадила, не ји умрела ниедна овца. И ји забрала овци и кози, да ји тера на планина, на бачило. Ја начека некој стар дедо:

– Бабо, кај ќе ји тераш овците?
– Ќе ји терам – рече- на бачило.

А дедо ји вели:
– Како на бачило сега? Еве ја зима, уште студи!

И таја имаше овчари и викаше:
Терај, терај, овци, кози!
терај терај, на планина!
Серам сечка на брадина!
Трч, трч, козо, на планина!

И ји отера овци и кози на планина. Тој што ја причека Господ беше; се налутил на бабата, и за неколку дена фати зима лошо. Тија овци кај што лежале, тамо на планина, сете изумреле, се здрвија! И овчарите изумреле, и бабата умрела. Сете камење се сториле: бели овци – бело камење, црни овци – црно камење! Овчарите и сега стојат здрвени како паметници кај овците камени. А бабата се сторила чешма, и вода и сеа тече од неја. (Подготви Марко Китевски)